Манифестацијата „Денови на македонската литература за деца и млади“ насловена „Читај ја Македонија!” од 23 до 30 април се одржува во Културниот центар „Фазил Искандер” во Москва. Според Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва, ова е прво вакво широко претставување на македонските писатели за деца во Русија.

Главни гости на настанот биле деца на 11-12 годишна возраст и нивните наставници. Панкина кратко ги запознала со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители св. рамноапостолни браќа Кирил и Методиj и панорамски ги претставила македонските автори кои пишуваат за деца и млади – од класиците како Ванче Николески и Видое Подгорец, современите Киро Донев, Биљана Станковска, Горјан Петрески и др., до најмладите како Натали Спасова и Хана Корнети.

За време на настанот на Олга Панкина ѝ помагале артистите на Театарот „Город” од градот Долгопрудни, кои пред публиката ги прочитале како песните, така и македонските приказни „Силјан Штркот„ и „Детето со sвезда на челото” преведени на руски.

Олга Панкина на сите заинтересирани им подарила книги на македонски автори.

 

ИЗДВОЕНИ