Од Шанса за Центар имаат изработено мапа за тоа кои се објектите што го загадуваат воздухот. Во анализата на Шанса за Центар се опфатени 11 општини (Аеродром, Гази Баба, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Битола и Прилеп), како и Градот Скопје, каде што има најголемо аерозагадување. Во овие општини има јавни објекти што може да потрошат за затоплување 3.542.000 литри нафта и дополнително уште 200 тони мазут во Град Скопје.
Од Шанса за центар се надеваат дека овој пат општините ќе аплицираат и со проекти за замена на начинот на греење кај јавните објекти кои се во нивна надлежност, а кои со греењето на нафта и на мазут го прават воздухот токсичен. – Минатиот пат не беше така. Но, има втора шанса. Чистиот воздух е поважен од сечењето на ленти за сменет асфалт на улици, пред избори – велат оттаму
Во тек е вториот јавен повик на кој може општините да побараат пари за проекти од унгарскиот кредит. Од општините секојдневно пристигнуваат апликации до Министерството за локална самоуправа за добивање пари за реализација на проекти, најчесто за комунална инфраструктура, градење или реконструкција на градинки или на училишта.
Од Шанса за центар се надеваат дека овој пат општините ќе аплицираат и со проекти за замена на начинот на греење на јавните објекти кои се во нивна надлежност, а кои со греењето на нафта и на мазут го прават воздухот токсичен.
– Минатиот пат не беше така. Но, има втора шанса. Чистиот воздух е поважен од сечењето ленти за сменет асфалт на улици, пред избори – велат од Шанса за центар.
Тие имаат изработено мапа за тоа кои се објектите што го загадуваат воздухот. Во анализата на Шанса за Центар се опфатени 11 општини (Аеродром, Гази Баба, Чаир, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Битола и Прилеп), како и Градот Скопје, каде што има најголемо аерозагадување. Во овие општини има јавни објекти што може да потрошат за затоплување 3.542.000 литри нафта и дополнително уште 200 тони мазут во Град Скопје.
Инаку, согласно со Акцискиот план за чист воздух, продолжуваат засилените контролни активности на општините на инсталации со Б интегрирани еколошки дозволи. За периодот од 10 до 14 февруари, девет општини доставиле извештаи за она што го контролирале.
Општина Битола, во првата половина од февруари, изврши контролни надзори на три инсталации со Б дозволи, кои беа задолжени да преземат мерки за сведување на емисиите во воздухот во законски дозволените граници. Констатирано е дека се преземени мерки со сервисирање на котларите и мерењата на емисиите во воздухот покажале дека се во законски дозволените граници. Извршени се надзори во пет автосервиси за постапување со отпад и не е констатирано согорување на отпадно масло. Со него се постапува согласно со закон: привремено безбедно се складира и се предава на овластени субјекти.
Општина Струмица спроведе вонредни инспекциски надзори кај осум физички лица и кај осум правни субјекти), при што на четири физички лица им е изречена глоба, на четири физички лица им е дадена писмена опомена со едукација, на шест правни субјекти им е издадено решение (за мерења, да се предаде отпадното масло што е складирано), а кај два не се констатирани неправилности.
Општина Кисела Вода изврши 20 инспекциски надзори, со акцент на правните субјекти што, како отпад, при вршење на дејноста добиваат отпадно моторно масло, отпадни гуми и друго. Комуналните инспектори и комуналните редари спроведоа десет инспекциски надзори на активни градилишта и стоваришта и е наложено миење на гумите на камионите и други активности за спроведување на Законот за јавна чистота.
Во Општина Прилеп се спроведени четири инспекциски надзор, и тоа во погон за преработка на камен, два автосервиси и на субјект со фурна со печка на дрва. При надзорите, не се констатирани неправилности, но два се задолжени за мерење на емисиите во воздухот од работата на инсталацијата и за доставување на податоците за емисиите од стационарен извор до МИЦ при МЖСПП, а еден автосервис е задолжен за изработка и доставување на елаборат за заштита на животната средина.
Општина Тетово изврши пет инспекциски надзори и кај два правни субјекти што се занимаваат со производство на мебел, еден автосервис и два субјекти што вршат дејност во рамките на прехранбената индустрија. При надзорите, не се констатирани неправилности.
Општина Гази Баба има изречено една казна за палење отпад и една казна за несоодветно депонирање отпад. По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, спроведени се координирани вонредни инспекциски надзори на инсталациите што поседуваат одобрен елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината и поврзано со квалитетот на воздухот, се изготвени шест записници од извршените контроли, кои се доставени до Обвинителството.
Исто така, направена е обиколка на три градилишта и извршена е проверка на спроведувањето на мерките за намалување на загадувањето (правилно депонирање на отпадот, работа со посебни маневри што нема да создаваат прав и сл.) и е спроведена редовна проверка на тркалата на возилата што излегуваат од градежните парцели. На едно од трите градилишта е изречена опомена.
Општина Крушево е фокусирана на зајакнатите вонредни контроли на техничката исправност на возилата што учествуваат во сообраќајот на патиштата, со акцент на издувните гасови, особено на оние со дизел-горива, тешките товарни возила и нерегистрираните возила.
Во Општина Охрид, акцентот е на спроведувањето на Законот за јавна чистота. Направена е контрола на градилиште.
Општина Куманово има направено контролен инспекциски надзор во три автомеханичарски работилници, во кои не е констатирано согорување на отпадно масло. Во наведениот период, издаден е прекршочен платен налог за физичко лице затечено како согорува кабли покрај пат.
(С. Бл.)