Пролетните градежни работи на регионалниот пат Р1102 на потегот од Маџари до Ржаничино продолжуваат со чистење на каналите покрај патот кое започна пред неколу дена, а од денеска и со асфалтирање.
– На потегот од населба Хиподром до населеното место Ржаничино екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта денеска отпочнаа со асфалтирање. Со рехабилитацијата на регионалниот пат Р1102 се опфатени најоштетените делови на оваа делница каде дневно поминуваат десетици илјади возила меѓу кои и многу товарни возила и дека активностите се одвиваат преку Програмата за одржување и заштита на државните патишта – информираат од ЈП за Државни патишта.