Чибишев: Сакам да го изразам своето огромно задоволство и лична среќа што денеска почнаа да ни се враќаат пациентите кои се лекуваат во странство по трагедијата во Кочани

455

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во  ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.

Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев попладнево изрази своето огромно задовослтво и лична среќа што денеска почнаа да ни се враќаат пациентите кои беа пренесени во други држави по несреќа во Кочани се лекуваат во странство.

Денеска се врати еден пациент од Белград во сосема подобрена клиничка состојба, и утре ќе биде опсервиран на Универзитетстската Клиниката за токсикологија. Во моментот се прават некои  клинички иследувања, тој е прегледан, со добри клинички параменти ќе направиме наши испитувања за да можеме да бидеме сигурни дека е добар за да можеме да го пуштиме дома кај семејството.

Протоколот вели дека треба да се земе лабораторија, да се направи интервју со него за се што поминал на лекувањето во странство, секако дека доаѓањето дома е стресна состојба за него, ќе комуницираме со него пред да го пуштиме дома, рече Чибишев.

Според планот на Кризниот штаб, веќе има подготвено повеќе тимови кои ќе работат со сите пациенти кои се во државата и кои се враќаат од лекувањата во странство. Стресот е голем, траумата е голема, и на тие пациенти ќе им треба и психијатриска и психолошка поддршка.

 

ИЗДВОЕНИ