недела, јануари 5, 2025
Дома LIFE Четврта година по ред: Општина Кавадарци организира заеднички Бадников ручек на градскиот...

Четврта година по ред: Општина Кавадарци организира заеднички Бадников ручек на градскиот плоштад

28
Со огромно задоволство ви најавуваме дека четврта година по ред, во пресрет на Божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира заеднички ручек на Градскиот плоштад на 6 јануари од 10:00 до 14:00 часот, со кој сакаме на сите граѓани да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кој стана традиционален, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани соопшти тој.

Секако ова не би било возможно без нашите пријатели од Слога Пром Кавадарци, Рибара Дошница, Тонци, Акватика, Жито Југ, Маркети Минекс, Кожувчанка, Пиљара и продавница за здрава храна Аце Пром, Димов ТЕ-ВИ Макарена с. Ваташа, Маркети Лутка, Винарија Кимов, Слаткарница Палма, Анси Фреш Неготино, аптеки Бела Фарм, Тимес, физичко лице Панче Арсовски, на кои од срце им благодариме!

Ве чекаме во понеделник, порача градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на ФБ.

ИЗДВОЕНИ