Четворица приведени за нападот на студентите во Белград

63
Четири лица се приведени и одредено им е задржување од 48 часа за нападот на студентите кои протестираа пред Правниот факултет во Белград ноќта меѓу понеделникот и вторникот.
-Во однос на сите осомничени, јавниот обвинител одреди задржување во траење од 48 часа поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело Насилничко однесување од член 344 на Кривичниот законик. Во наведениот рок осомничените ќе бидат сослушани, по што ќе биде донесена одлука за понатамошно постапување, за што јавноста ќе биде информирана благовремено, наведоа од Обвинителството.
Студентите на Правниот факултет во Белград беа нападнати од шест лица во три наврати во текот на ноќта.

ИЗДВОЕНИ