Дури четворица автори на „Македоника литера“ се кандидати за Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ за 2025 година, која ќе биде соопштена на 1 април, соопштија од оваа издавачка куќа.

Номинирани автори, од кои „Македоника литера“ има публикувано дела, се: Ѓин Бо, и Хуанг Беиѓиа од Кина, Сања Пилиќ од Хрватска и Ана Хеглунд од Шведска, илустратор (и писател).

Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ е најголемата светска награда за литература за деца и млади (заедно со наградата „Ханс Кристијан Андерсен“). Создадена е во 2002 година од шведската влада за да го промовира правото на секое дете на големи приказни.

„Македоника литера“ од овие автори ги објави следните книги: Ѓин Бо: „Мирисливата птица“ (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), Хуанг Беиѓиа: „Бадникова вечер“ (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), Сања Пилиќ: „Баш сум хепи!“ и Улф Старг, Ана Хеглинд: „Умееш ли да свиркаш, Јохана?“.

ИЗДВОЕНИ