Четворица американски војници исчезнаа во Литванија

908

Четворица американски војници исчезнаа на полигонот пред главниот град на Литванија, Вилнус, а потрагата е во тек, соопшти американската војска во средата.

Во соопштението на Армијата на САД за европски и африкански односи во Визбаден, Германија, се наведува дека војниците во тој момент изведувале планирана тактичка обука, пренесува АП, пренесува ФоНет.

Се вели дека новите информации ќе бидат објавени кога ќе станат достапни.

Литванскиот јавен радиодифузен сервис ЛРТ објави дека четворица американски војници и возила биле пријавени за исчезнати во вторникот попладне за време на вежба на полигонот „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде, град на помалку од 10 километри од границата со Белорусија.

Балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија се сите членки на НАТО и често – откако прогласија независност од Советскиот Сојуз во 1990 година – имаат ладни односи со Русија, клучен сојузник на Белорусија.

Односите дополнително се заострија поради руската инвазија на Украина во 2022 година, а литванскиот претседател Гитанас Науседа беше еден од најотворените поддржувачи на Украина во нејзината борба против силите на рускиот претседател Владимир Путин, според АП.

ИЗДВОЕНИ