Четиринаесетгодишникот кој избоде соученичка во училиште во Суботица доби притвор

157

Вишиот суд во Суботица соопшти дека на 14-годишниот малолетник кој повреди соученик во основното училиште „Сечењи Иштван“ му е одредена мерка притвор до 30 дена, пишува РТС.

Судијата за малолетници оценил дека има причини за одредување притвор, а на малолетникот му е одредена мерка притвор до еден месец, соопшти Вишиот суд, пренесува РТС.

Вишото јавно обвинителство Суботица претходно, како што се наведува, поднесе барање за поведување претходна постапка за кривично дело убиство во обид.

Малолетникот бил сослушан во Вишиот суд во Суботица, а Обвинителството предложило да му се одреди притвор.