Четиринаесетгодишник избоден до смрт во автобус во југоисточен Лондон

19

Четиринасетгодишно момче загина денеска во автобус во Вулвич, југоисточен Лондон.

Денеска околу 14.30 часот во полиција било пријавено дека жртвата била избодена со нож во автобус на улицата Вулвич чрч роуд, во близина на спојот со јужната обиколница А205, објави Скај њуз.

Според полицискиот извештај, момчето се здобило со убодни рани и починало на лице место, набрзо откако пристигнала брзата помош.

Полициските службеници започнале истрага за инцидентот, а засега никој не е уапсен, пренбоси Танјуг.

ИЗДВОЕНИ