Првите купувачи се компании кои се занимаваат со криптовалути, потврдуваат за „Семафор“ експерти вклучени во изградбата на такви објекти. Сопственикот на „Срвајвал кондо“ од Канзас, Лари Холм, вели дека неодамна и понудил на една криптокомпанија подземен центар за податоци и „пакет“ за вработени за 64 милиони долари. Но, сето тоа има своја цена. Најевтиниот простор, со 11-ката станбен простор и четири ката центар за податоци, чини 45 милиони долари
Развојот на војната во Украина последниве месеци продуцираше вистинско лудило по купување подземни засолништа дизајнирани да издржат нуклеарна војна. Таквите објекти им нудат на идните сопственици безбедност, удобност, а некои и луксуз, се разбира, по значителна цена.
Во последно време зголемен е интересот на големите корпорации за купување подземни бункери во кои во случај да дојде „судниот ден“ би ги заштитиле своите бази на податоци и врвниот менаџмент. Првите купувачи се компании кои се занимаваат со криптовалути, потврдуваат за „Семафор“ експерти вклучени во изградбата на такви објекти. Сопственикот на „Срвајвал кондо“ од Канзас, Лари Холм, вели дека неодамна и понудил на една крипто-компанија подземен центар за податоци и „пакет“ за вработени за 64 милиони долари. Оваа компанија конкурира за купување на постоечки објект од 14.000 квадратни метри во Канзас, кој служи токму за таа цел. Тој проект го почнал нафтен милијардер кој починал пред да биде завршен.
-Колку повеќе написи во медиумите укажуваат на нуклеарната закана, толку повеќе луѓе бараат решение, објасни Холм.
Во 1950-тите, во средиштето на нуклеарната криза во тоа време, компанијата „Ајрон маунтајн“, која се занимава со управување со информации, почна да им нуди на банките сигурно складиште за податоците во поранешен рудник за железо. Сега изнајмува центар за податоци од 30.000 квадратни метри во поранешен рудник за варовник во Пенсилванија, кој може да му служи на финансискиот сектор, владата и здравствената индустрија. Исто така, чува и документи за пензионирањето на државните службеници.
Иако нуклеарните закани не се ништо ново, влошените односи меѓу суперсилите го обновија интересот за бункерите. Европските купувачи стравуваат дека конфликтите во Украина и на Блискиот Исток би можеле да ескалираат, а закана претставуваат и природните катастрофи влошени од климатските промени, пренесува Вечерњи.хр.
„Срвајвал кондо“ гради бункери од 18 квадратни метри со бетонски ѕидови дебели околу еден метар и ги моделира според ракетните силоси „Атлас-Ф“ кои беа изградени за време на Студената војна.
-Иако директен удар од атомска бомба на бункерот би предизвикал одредена штета, експлозиите што се случуваат во околината нема да имаат голем ефект, вели професорот по физика Џонас Мјуреика.
Некои центри за податоци, кои опфаќаат стотици илјади квадратни метри, би било тешко да се лоцираат под земја, но компаниите сè уште можат да складираат значителни количини на податоци во повеќекатни подземни комплекси. Целиот јазол на типичен деловен сервер, со големина на две кутии за пица, може да складира десетици терабајти податоци, а еден терабајт може да влезе во целиот Биткоин блокчеин и останува простор за складирање фотографии. Ваквите бункери се дизајнирани да бидат целосно независни – да произведуваат сопствена енергија, да го филтрираат воздухот и да произведуваат вода. Тие се напојуваат од различни извори како што се дизел генератори, турбини на ветер, батерии и нуклеарни реактори, што значи дека во случај на катастрофа, таков центар би можел да продолжи да работи најмалку неколку години.
Но, сето тоа има своја цена. Најевтиниот простор со 11 ката станбен простор и четири ката центар за податоци чини 45 милиони долари, велат во компанијата „Срвајвал кондо“.
Безбедноста на технолошките објекти моментално е „жешка тема“ биејќи најголемите светски компании ја градат својата инфраструктура за вештачка интелигенција, а складирањето на центрите за податоци под земја има практична примена. Под земја температури се значително пониски, поради што серверите бараат помалку ладење. Лари Холм, исто така, предвидува дека неговите бункери ќе и бидат потребни и на индустријата за квантни компјутери, чии уреди се многу помали. Меѓутоа, безбедносните експерти истакнуваат дека постојат поевтини начини за заштита. Компаниите можат да складираат податоци во различни објекти, па ако нешто се случи со еден центар, информациит