Чеде Спасиќ поздрав праќа на својот брат – новата фолк-балада емотивно испеана  

256

За него велат дека Господ по сè изгледа го пратил да ја освежи македонската фолк-сцена. Во описот на неговото инфо стои дека е од Кавадарци и дека учел во гимназијата „Добри Даскалов“. И навистина деновиве, Чеде кршачот на женските срца, постојано ја освежува многубројната публика со емотивниот хит „Поздрав праќам брате мој“. Чеде има и поддршка од своите колеги со кои настапува, не само на самата сцена, туку со нив е учесник и во многубројните музички ТВ-емисии. Како што беше не така одамна и со  Елена Велевска, која ја смета за една од своите најомилени колешки.

Песната „Поздрав праќам брате мој“ како автори ја потпишуваат Сашо Митковски – музика, Орце Зафировски – еден од најдобрите македонски текстописци и Дамир Имери – аранжман. Снимена е во „Икс-ел студио” кај Дејан Момироски, кој го направи и одличниот мастер.

За песната е создадено и интересно видео и тоа не каде било, туку во прекрасниот Охрид. Доловен е духот на древниот град, неговите природни езерски убавини кои совршено се вклопуваат со песната. На тој начин се додава магијата во и онака тажно-носталгична приказна за братот кој најмногу се сака на светот. Режијата е дело на продуцентот Зати и неговиот тим.

-По подолго време имам нова песна! Тоа им е воедно мојот одговор на сите оние кои често ми се обраќаа со прашањето кога ќе снимам некоја нова? Ете, да ги израдувам моите обожаватели и во Македонија и во дијаспората. Тука не застанувам, ќе има уште нови песни, за да го комплетирам целиот албум. Тогаш ќе направам промоција во живо и за публиката и за новинарите кои се дел од мојата работа, изјави радосниот Спасиќ, кој ова лето нема да може глава да крене од премногу настапи, популарно наречените „тезги“.

Тие редовно му се случуваат и во македонската дијаспора, а најчесто во Австрија, Италија, Швајцарија, Германија. За да уживаат во  пеењето на Чеде, нашинците секогаш бараат билет повеќе.   (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ