Цевките за топловодот на мостот „Беласица“ се уште се во тревата

78

На месец ипол пред стартот на грејната сезона под мостот „Беласица“ нема никакви активности за поставување на цевките за топловодот.  Поради пожарот што настана лани на полноќ, меѓу 11 и 12 мај, беа извадени старите и опожарени цевки, а беа донесени нови кои сеуште лежат во тревата покрај мостот, иако мостот одамна целосно е пуштен во сообраќај.

ЕСМ требаше да ги постави цевките уште пред стартот на минатата грејна сезона, но тоа не се случи.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски стравува дека доколку имаме студена зима, можно е да има проблеми со снабдувањето со парно на дел од потрошувачите ако цевките од овој топловод не бидат поставени. Тој упати апел да се постави цевката пред почетокот на грејната сезона за да стане функционална.

– Каква зима ќе имаме – никој не знае, дали ќе биде блага или со температури под нулата. Алтернативниот цевковод е со помал капацитет и доколку има студена зима, ќе има проблеми во снабдувањето на најголемиот дел од потрошувачите во Скопје, ако навреме не биде поставен цевководот под „Беласица“ – потенцира Бислимоски.