„Честете ме пиво, сѐ ќе ви кажам“: Мештаните згрозени – на таткото на осомничениот за убиството на Данка „му е до шега“

15669

Неодамна беше откриено дека обдукцијата покажала дека Далибор Драгијевиќ починал со насилна смрт, за што сведочат бројните повреди на телото.

Душан Јанковиќ, таткото на Срѓан Јанковиќ, второосомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, го искористи правото да не сведочи за случајот пред обвинителот во Заечар. Како што пренесува српски Блиц, тој, како и Светлана, мајката на Дејан Драгијевиќ, во средата одбил да даде изјава во обвинителството.

Сведочеа познаници, пријатели и колеги на Јанковиќ и Драгијевиќ од селото Лука кај Бор, од каде што е Срѓан Јанковиќ. Сепак, само неколку мештани се осмелуваат да кажат дека Срѓан, ако навистина направил кривично дело, треба да биде затворен до крајот на животот. Други мислат дека никој за ништо не може да се обвини додека не се најде телото на детето.

-Таткото на Срѓан, Душан, сѐ уште мисли дека тоа било местенка и дека неговиот син не е виновен – рекла една мештанка и додала: „Се однесува нормално, секој ден доаѓа во градината, бере трева за стоката, но и седи пред селското кафе и пие пиво. Како да не се работи за мало дете чии родители сѐ уште не знаат ништо за тоа како настрадало и каде е неговото тело“.

Според неа, Душан понекогаш се шегува.

„Наводно знаел да каже: ‘Кој ќе плати пиво ќе му ја кажам вистината’. Нему му е шега… Сето ова фрли дамка на целото село“, згрозена изјави една постара жена од Лука.

Истовремено, вишото јавно обвинителство во Заечар, по три дена разгледување на обдукцискиот наод на покојниот Далибор Драгијевиќ од Злот, се огласи со соопштение за смртта на братот на осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, пренесува Нова.рс.

Во продолжение го пренесуваме во целост.

– По добивањето на обдукцискиот извештај на Институтот за судска медицина во Белград, Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе предлог за супституција на надлежност во постапката за смртта на Далибор Драгијевиќ, согласно Методологијата за истрага во случаите на злоупотреба, поради што не се огласуваше во врска со случајот – извести обвинителството.

Драгијевиќ беше осомничен дека му помогнал на својот брат Дејан да го скрие телото на Данка Илиќ. Дејан Драгијевиќ е осомничен дека со колегата Срѓан Јанковиќ удрил малото девојче, по што го убиле. Неделникот „Радар“ неодамна откри дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал од насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото.

Во соопштението до медиумите, полицијата наведува дека Драгијевиќ починал од природна смрт откако му се слошило во полициска станица на 6 април, а итната помош можела да констатира смрт само по пристигнувањето на местото на настанот. На кобниот ден, осомничениот Драгијевиќ е приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го извади телото на детето, пренесува Нова.рс.

Инаку, несреќното девојче беше убиено на 26 март годинава, а во притвор се Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, а за помагање во делото е осомничен Радослав Драгијевиќ.

Следуваше опсежна потрага на околината, полицијата сослуша сведоци, а кога се појави видео од Виена на кое се гледа девојче која личи на Данка, потрагата е проширена и во Австрија. Австриската полиција соопшти дека е утврдено дека детето од таа снимка не е Данка Илиќ. Ден подоцна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, известил дека Данка е убиена, дека две лица се приведени и дека го признале делото.

Телото на детето до денес не е пронајдено.