Центарските градинки помагаат со хуманитарни настани

62

Успешно заврши хуманитарниот настан што го организираа родителите од градинката ,,Наум Наумовски Борче” во општина Центар.

-Под мотото „Мали чекори, големи дела – Родителите пример за децата“, настанот помина во духот на заедништвото и забавата, а истовремено успеавме да собереме средства за разубавување на дворот од градинката. Со многу љубов и ентузијазам, уживавме во активностите кои ги зближија децата и родителите, потсетувајќи нè дека секој од нас може да биде пример за следните генерации – соопштија од Општина Центар.

Освен тоа, хуманитарни базари се одржаа и во трите објекти на градинката „раде Јовчевски Корчагин“.

Средствата од продажба на вкусните деликатеси, подготвени од вредните раце на родителите и вработените, заедно со средствата собрани од театарската претстава „Аладин”, организирана во продукција на ,,Триангл пулс”, ќе бидат донирани за дете од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на кое му е потребна помош.

-Се приклучуваме на пораката на родителите: Хуманоста не се учи – таа е во срцето и не прави духовно побогати. Ајде сите заедно да ја вратиме детската насмевка – порачуваат од локалната самоуправа.