Цела Босна бела! Неверојатна снимка од вселената – на терен не е идилично/ФОТО

257
Фото: BHmeteo.ba
Сателитската снимка ја прикажува претежно снежната Босна и Херцеговина

Сателитската снимка која ја објави BHmeteo ја покажува Босна и Херцеговина од вселената, која е претежно покриена со снег.

Оваa неверојатнa snimka покажува како речиси целата територија е побелена од снежна покривка.

„Идилични зимски денови со снег, сонце, утрински минуси и пријатно дневно сонце. Без снег на земја – крајниот југ од земјата, некои басени на источна Босна и поширокиот регион Градишка на далечниот север“, напишаа тие покрај фотографијата од BHmeteo.

Но, ситуацијата на терен не е нималку идилична, бидејќи шести ден од снежните врнежи во Република Српска, ситуацијата во некои области е се уште многу тешка, поради завеаните патишта. Многу домаќинства се отсечени од светот, а многумина се уште немаат струја, вода и телефонски сигнал.

ИЗДВОЕНИ