Обожавателите на УФЦ со душа чекаа Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов повторно да ги вкрстат копјата во УФЦ, но не се случи тоа. По спектаклот што го приредија двајцата борачи, сите обожаватели ширум светот потајно се надеваа на нов мегадуел. Но, по тоа, имаше само вербална војна меѓу, можеби, најдобрите УФЦ-борачи.

Сепак, по толку години, Мекгрегор ќе има можност повторно да се соочи со Хабиб Нурмагомедов. Секако, ако има мадиња, Ирецот ќе ја прифати понудата на Пол Хјуз да дојде на пресметка со дагестанската машина Усман Нурмагомедов.

Ривалството меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор трае со години. Ирецот никогаш не се помири со тешкиот пораз од славниот Дагестанец, постојано се заканува и го навредува во јавноста и сега ќе има можност да се сретне очи в очи со него.

Хабиб ја води кариерата на својот братучед Усман, кој треба да се бори со Пол Хјуз во јануари и да го брани појасот во лесна категорија на Белатор. Популарниот Орел ќе биде во аголот, а Хјуз го покани Конор да биде во неговиот тим.

  • Конор, те сакам во мојот агол за таа борба, 100 отсто. Тоа би било навистина одлично. Можеби би можеле да имаме дополнително осигурување таа вечер, но ќе биде забавно – порача Хјуз.

Озлогласениот Ирец одговори дека нема да биде во аголот, но дека ќе дојде во салата да го поддржи.

Пред овој меч, очигледно би можело да има средба меѓу Хабиб и Конор. Ирецот би имал шанса да му каже в лице на Дагестанецот се што мисли за него. Сепак, неговите преписки, навредувања и други неубави работи што ги прави може да му донесат и поинаков епилог доколку се сретнат во живо.

Усман Нурмагомедов е непоразен на 19 борби. Тој е доминантен шампион на Белатор и, веројатно, наскоро член на УФЦ. Од друга страна, 27-годишниот Хјуз има биланс од 13 победи и еден пораз. Тој е убеден дека тој е оној што ќе ја тргне „нулата“ од соодносот на дагестанската машина, но Усман, сигурно, ќе биде голем фаворит на овој дуел.

Дагестанецот важи за еден од најголемите таленти во ММА-спортот и многумина велат дека апсолутно никој нема шанси да го победи.

ИЗДВОЕНИ