Олимписката шампионка доби суспензија поради камшикување коњи

25

Трикратната олимписка шампионка во коњички спортови, Шарлот Дужарден, е суспендирана од сите натпреварувања на една година, откако скандалот со камшикување коњи ја принуди да се повлече од Олимписките игри во Париз ова лето.

На 23 јули, британската натпреварувачка беше привремено суспендирана од Меѓународната федерација за коњички спортови (ФЕИ), откако беше поведена истрага за видеото од пред четири години. На тоа видео може да се види како таа постојано го удира коњот со камшик, на тренинг.

Суспензијата вклучува и привремена забрана, па ќе може да се натпреварува од јули следната година. Триесет и деветгодишната Британка е казнета од ФЕИ поради „однесување спротивно на принципот на благосостојба на коњите“ и ќе треба да плати и 10.750 евра.

Дужарден освои два златни медала на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, во екипна и во поединечна дресура, додека четири години подоцна освои злато во индивидуална дресура во Рио. Таа освои и сребро во екипна конкуренција во Рио, како и бронзени медали во екипна и во индивидуална дресура во Токио 2021 година.

ИЗДВОЕНИ