Општина Бутел, на вториот повик на Владата, ќе аплицира со проект за изградба на плоштад во населбата Бутел 1, веднаш до црквата „Свети Јован“. Како што најави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, плоштадот ќе биде на површина од 10.000 квадратни метри.
– Проектот беше најавуван во предизборната кампања, но сега ќе биде надополнет со тоа што на самиот плоштад ќе биде изграден дом на културата, нешто што ѝ е потребно на Општина Бутел. Таму постојат стари објекти, кои наскоро ќе бидат урнати – објасни Костовски.
Тој додаде дека ќе биде изграден и музеј за спорт, бидејќи, како што рече, Општина Бутел поседува врвни спортски резултати.
– Ќе се изгради катче каде што младите ќе се запознаат и со тоа дека сме најспортската општината не само во Македонија туку и во регионот – заклучи Костовски.