
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ беше фатална за мажите за време на нејзината тениска кариера. Тоа не е изненадување. Убавината на Ана пленеше и на теренот и надвор од него, привлекувајќи голем број припадници на спротивниот пол. Пред да го запознае сопругот Бастијан Швајнштајгер, убавата Ана влегуваше од врска во врска. Секоја љубов беше краткотрајна и се чинеше дека Ивановиќ никогаш нема да се смири.
Но, деновиве се активираше бомбата дека поранешниот германски фудбалер и српската тенисерка се разведуваат, па медиумите веднаш почнаа да шпекулираат за причината за разводот, но потсетија и на бурниот љубовен живот на поранешниот светски женски тениски рекет број еден.
Шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско со Ана беа од ноември 2008 до јануари 2009 година. Со голферот Адам Скот првпат заедно беа од јули 2009 година по Вимблдон. Тие раскинаа една година подоцна, а ја обновија својата романса во ноември 2011. Повторно раскинаа, дефинитивно, во април 2012 година.
Со Марк Стилитано, Ана се запозна преку Новак Ѓоковиќ. Тие ја започнаа својата романса во јануари 2014 година, но ја завршија веќе во јуни. Таа го запознала со нејзините родители по само неколку недели врска.
Со кошаркарот Иван Пауниќ ги запозна заеднички пријател, а врската со траеше само еден месец. Потоа на ред дојде и Бастијан Швајнштајгер. Германскиот фудбалски репрезентативец стави крај на седумгодишната врска со една од најубавите жени во Германија и започна врска со Ана. Двегодишна љубовна приказна беше крунисана со брак на 12 јули 2016 година.