Бундестагот пресуди: Политиката на АфД не поминува

199
EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Долниот дом на германскиот парламент (Бундестаг) денеска не усвои закон со кој ќе се заострат правилата за миграција, со што е оштетена екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Тоа дојде седум дена откако Бундестагот усвои построги правила за миграција со гласовите на АфД и главната опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), но одлуката во тоа време беше необврзувачка.

Денешната одлука на Бундестагот е последица на синоќешните големи протести ширум земјата против претходните одлуки на АфД и ЦДУ. Лидерот на ЦДУ и канцелар фаворит на предвремените парламентарни избори во февруари, Фридрих Мерц, се соочи со многу критики поради тоа што се согласи да соработува со АфД. Тој беше критикуван и од поранешната канцеларка, партиска колешка Ангела Меркел.

Мерц по ова прашање го оправда партнерството со радикалната десница и првпат во Бундестагот се усвои нешто поддржано од АфД. Инаку, тој ја радикализираше својата реторика за миграцијата поради случаи со фатален исход, во кои сторителите се имигранти.

Канцеларот за технички мандат Олаф Шолц од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) по првото гласање во Бундестагот изјави дека повеќе не може да му се верува на Мерц да не коалицира со АфД.

Заострувањето на мерките требаше да значи одвраќање на многу поголем број мигранти на границите. Според анкетите во пресрет на парламентарните избори, ЦДУ води со 30 отсто поддршка од граѓаните, додека АфД е на второ место со 23 отсто поддршка, пишува Еуроњуз.

ИЗДВОЕНИ