Бундесбанк минатата година ја заврши со загуба, првпат од 1979 година. Виновникот е каматната политика на Европската централна банка (ЕЦБ) која ги испразни резервите на Германија.
Институцијата што ја претставува централната банка на Сојузна Република Германија во извештајот објавен во вторникот рече дека изгубила околу 19,2 милијарди евра во 2024 година и предупреди дека тоа може да се случи повторно оваа година, иако во помал обем.
„Врвот на товарот веројатно помина“, изјави претседателот на Бундесбанк Јоаким Нагел на презентацијата на билансот на состојба во Франкфурт, пренесува Инвеститор.
Во извештајот објавен во вторникот, Бундесбанк наведува дека e во загуба од околу 19,2 милијарди евра во 2024 година и предупреди дека тоа би можело да се случи повторно оваа година, иако во помал обем, пренесе агенцијата ДПА.
„Врвот на кризата веројатно е завршен“, рече претседателот на Бундесбанк Јоаким Нагел на презентацијата на билансот на состојба во Франкфурт.
На презентацијата на извештајот за 2023 година пред 12 месеци, Нагел најави слаби години и предупреди дека Бундесбанката нема да придонесува за државните приходи.
„Очекуваме дека некое време нема да можеме да распределуваме профит“, рече тогаш тој.
Со години, германското Министерство за финансии рутински проектира буџет со околу 2,5 милијарди евра профит на Бундесбанк. Ова не беше можно во последните неколку години поради ефектите од инфлацијата и каматната политика.
Германската централна банка едвај остана во позитива во 2023 година, но влезе во 2024 година со само 700 милиони евра резерви.
ЕЦБ, настојувајќи да го спречи порастот на инфлацијата во еврозоната, почна брзо да ја зголемува основната каматна стапка во 2022 година. Оттогаш, инфлацијата се намали, а ЕЦБ во меѓувреме почна да ги намалува каматните стапки.