Фондацијата на Манол Пејков собра 54 илјади. лева за помош на настраданите во Кочани, продолжува да прима донации
„За помалку од 48 часа собравме околу 54 илјади ле (околу 27.000 евра). Тоа е инспиративно!
Ова за Бугарското национално радио го соопшти Манол Пејков, пратеник од ПП-ДБ, кој организира донаторска акција за помош на настраданите во Кочани.
„Ситуацијата е многу тешка. Нашата прва насока беше поврзана со луѓето кои се во Бугарија и треба да бидат покрај креветите на нивните деца кои се здобија со тешки изгореници. Излегува дека бугарската држава ќе ги покрие нивните трошоци првите 7 до 10 дена. Проблемите ќе дојдат потоа. Најверојатно, ќе има потреба од пластична хирургија и секакви интервенции.
„Паралелно планираме да одиме во Кочани да видиме какви потреби има на терен.
Можните начини за донирање се објавени на Фејсбук страницата на Фондацијата „Манол Пејков и пријателите“.