Бугарскиот парламент денеска изгласа нова влада предводена од премиерот Росен Жељасков, јавија бугарските медиуми. Росен Жељасков, кој беше предложен за премиер од групата ГЕРБ-СДС, вчера го прифатил мандатот од претседателот Румен Радев за формирање влада, објави бугарскиот портал Новините.
Новиот премиер се заблагодари на политичките партии кои учествуваа во преговорите за формирање влада и го претстави нејзиниот состав и цели.
Владата ја сочинуваат 19 министри, од кои двајца ќе ја извршуваат функцијата вицепремиер, а еден потпретседател ќе биде министер без ресор.
Коалицијата ГЕРБ-СДС има 11 министри, Бугарската социјалистичка партија има пет претставници во владата, а „Има таков народ“ има четворица, наведува бугарското радио.
„Приоритет на владата ќе биде квалитетот на животот на луѓето, со фокус на образованието и здравството“, најави Жељасков, додавајќи дека обезбедувањето владеење на правото, одржливи финансии, избалансиран буџет, како и успешните напори на Бугарија да стане членка на еврозоната се исто така важни задачи.
Доделувањето на мандатот на Жељасков уследи по неколкумесечни тешки коалициски преговори во кои лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов беше одбиен како кандидат за премиер.