EPA-EFE/ANDREA SOLERO

Бугарскиот скијач Алберт Попов победи на слаломот во Мадона ди Кампиљо, Италија, натпревар од Светскиот куп. Победата ја оствари со вкупно време од 1:45,22 минути.

Втор беше Швајцарецот Лоик Мејар со 0,44 секунди заостанување, а трет заврши Хрватот Самуел Колега со 0,46 секунди послабо време.

Водечкиот во првата серија, Норвежанецот Атл Ли Мекграт не ја заврши трката, откако промаши капија на втората трка.

Мејар го презеде лидерското место во генералниот пласман од Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој заврши на петтото место.

ИЗДВОЕНИ