Евролигата секоја година е сè поблиску до НБА-лигата, па не чуди што платите на кошаркарите постојано растат. Така, летово Олимпијакос успеа да го врати незадоволниот Саша Везенков од Сакраменто и да го направи најплатен кошаркар во Евролигата, пишува уредникот на „Јурохупс“, Ариса Баркас, повикувајќи се на свои извори.
Везенков има плата во Олимпијакос од 4,1 милион долари, а втор на оваа листа е Шејн Ларкин од Анадолу Ефес со 3,75 милиони долари. Трет е Мајк Џејмс од Монако со примања од три милиони, а веднаш зад него се Костас Слукас (Панатинаикос , 2,8 мил.), Валтер Таварес (Реал Мадрид, 2,7 мил.), Кевин Пантер (Барселона, 2,6 мил.), Кендрик Нан (Панатинаикос, 2,5 мил.), Никола Миротиќ (Олимпија Милано, 2,5 мил.), Дариус Томпсон (Анадолу Ефес, 2,3 мил.), Еван Фурние (Олимпијакос, 2,2 мил.), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче, 2,2 мил.), Вили Ернангомез (Барселона, 2,2 мил.), Винсент Поарје (Анадолу Ефес, 2,2 мил.).