Бугарија на 1 јули влезе во клубот на најбогатите земји во светот, според рангирањето на Светска банка. Оттаму посочија дека оваа година три држави – Бугарија, Палау и Руската Федерација се префрлаат од групата земји со висок среден приход во групата со високи приходи.

– Светските економии се поделени од Светска банка во четири групи според бруто- националниот приход (БНД) по глава на жител, население – земји со ниски примања, пониски-средни, горно-средни и висок приход. Бугарија досега беше меѓу земјите со висок просечен приход. Највисоката група има годишен приход од повеќе од 14.006 долари по глава на жител – објави „24Часа.бг“.

Рангирањето се ажурира секоја година на 1 јули, врз основа на бруто националниот доход по глава на жител за претходната календарска година, според методот „Атлас“. Тоа го одразува нивото на развој на една земја, користејќи го предметниот метод како широко достапен показател за економскиот капацитет. Развојот на државите претрпи солидна еволуција од доцните 1980-ти досега, покажуваат податоците.