Најмалку 50 проценти од овие производи што се на рафтовите во големите трговски синџири мора да бидат бугарски и за нив е воведен плафон за комерцијалните маржи, кои не можат да надминат 20 насто. За увезените земјоделски производи и храна се воведува маржа од 10 проценти од даночната основа. Ова е предвидено со педлог-законот за синџирот на снабдување со земјоделски производи и храна и поради тоа организаторите се откажаа од бојкотот на синџирите за исхрана.

Во Македонија, Владата донесе два сета мерки, за ограничување на цените и за замрзнување на маржите, и тие се на сила до 30 април. Со Законот за фер трговски практики, маркетите добија обврска и преоден период од 45 дена да ги објавуваат цените на своите производи и редовно, на дневна основа, да ги ажурираат

 

Организаторите се откажаа од бојкотот на синџирите за исхрана во Бугарија откако Министерството за земјоделство и храна го претстави предлог-законот за синџирот на снабдување со земјоделски производи и храна. Бојкотот почна од крајот од јануари и се одржуваше секој четврток. Со него се предвидува регулирање на 22 прехранбени производи достапни во продавниците.

Најмалку 50 проценти од овие производи што се на рафтовите во големите трговски синџири мора да бидат бугарски и за нив е воведен плафон за комерцијалните маржи, кои не можат да надминат 20 насто. За увезените земјоделски производи и храна се воведува маржа од 10 проценти од даночната основа.

Предлог-законот гарантира дека земјоделците да не ги продаваат своите производи под цена и можат да додадат до 10 проценти маржа, преработувачите до 20 проценти, трговците на големо до 10 насто, а трговците на мало што остваруваат промет до 20 милиони лева – до 20 проценти покачување.

Бојкотот на продавниците најпрво почна во Хрватска, каде што кон крајот на јануари  тамошната потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ ги повика граѓаните да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски синџири една недела. Ваквиот начин на изразување револт поради високите цени на прехранбените производи и на средствата за хигиена беше прифатен и во нашата земја, како и во Србија, Босна и Херцеговина, а потоа се приклучија и граѓаните на Косово, Грција и на Бугарија.

Во Македонија, Владата донесе два сета мерки, за ограничување на цените и за замрзнување на маржите, и тие се на сила до 30 април. Со Законот за фер трговски практики, маркетите добија обврска и преоден период од 45 дена да ги објавуваат цените на своите производи и редовно, на дневна основа, да ги ажурираат.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ