Будва под полициска опсада: Се апсат членови на мафијашки клан, улиците се блокирани

299

Специјалното полициско одделение на црногорската полиција по наредба на Специјалното државно обвинителство утрово уапси неколку лица во Будва.

Уапсени се членови на организирани криминални групи, дознава „Вијести“ од Подгорица.

Поради апсење на членови на мафијашкиот клан утрово беа блокирани неколку улици во Будва.

Според податоците на „Вијести“, извршени се претреси во повеќе станови и куќи.