„Бубрезите почнаа да му откажуваат“: Објавени најнови информации за здравствената состојба на папата

478

Папата Франциск сѐ уште е во критична состојба, соопшти Ватикан. Неговите тестови на крвта покажаа „рана, блага бубрежна инсуфициенција“, но лекарите рекоа дека е под контрола.

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, е свесен и добро ориентиран, соопшти Ватикан.

Во соопштението се наведува дека папата Франциск нема нови респираторни кризи од саботата вечерта, но дека сѐ уште добива дополнителен кислород. Фрацнсик учествуваше на светата миса во неделата наутро од апартманот лоциран на 10 кат во болницата Гемели, се вели во соопштението.

„Комплексноста на клиничката слика и неопходното чекање за терапијата со лекови да даде повратна информација, налагаат резервираност во прогнозата за неговото здравје“, заклучија лекарите.

ИЗДВОЕНИ