ВУЧИЌ: Се разговара со ЕУ за дозавршување на брзата пруга од Ниш до Македонија

60

Од Белград до Ниш со воз ќе се патува еден час и 40 минути, а од Будимпешта до Ниш само четири и пол часа. Ова викендов го истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш изјави дека за него и за Владата на Србија пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти.

Тој нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата од Ниш до Прешево и Македонија.

– Тогаш ни останува само со Македонија да разговараме. После тоа, со неверојатни брзини ќе стигнеме до Солун и Атина – изјави Вучиќ.