Брвнари – инфоцентри ќе се градат во националните паркови „Шар Планина“ и „Пелистер“

35

Министерството за животна средина планира годинава да потроши над 7 милиони денари (113.000 евра) за набавка на брвнари – инфоцентри во националните паркови „Шар Планина“ и „Пелистер“. Инфоцентрите ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди и ќе им бидат ставени на располагање на двата парка за промоција и за едукација.

За намерата се известени раководствата на националните паркови, кои треба да предложат локации, потребните документи, како и дозволата за градба, по што ќе следува распишувањето на тендерот.

Во земјава има четири национални парка, кои преку програмата за инвестиции на МЖСПП ќе бидат поддржани со 20 милиони денари (над 320 илјади евра).

Најмногу пари или по 6 милиони денари (околу 97 илјади) ќе добијат  националните паркови „Шар Планина“ и „Маврово“, а по 4 милиони денари (околу 65 илјади евра) се наменети за „Галичица“ и „Пелистер“. Сите средства се грант од МЖСПП и се наменети за подобрување на зелената инфраструктура во парковите заради генерирање дополнителни финансиски средства за националните паркови, како и за кампања и заштита на биодиверзитетот.

ИЗДВОЕНИ