Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, денеска го пушти во употреба новото мултифункционално игралиште во оваа општина.
Брвеница доби модерно фудбалско игралиште со вештачка трева и со трибини за 200 гледачи, како и ново кошаркарско игралиште со полипропиленски под за официјални натпревари.
Изградбата на ова игралиште е финансирана од Министерството за спорт во рамките на проектите за подобрување на спортската инфраструктура во Македонија, во соработка со локалната самоуправа.
На свеченото пуштање во употреба на новото мултифункционално игралиште во Брвеница, министерот Борко Ристовски изрази задоволство од успешната реализација на овој проект и нагласи дека Министерството за спорт продолжува со заложбата за подобрување на спортската инфраструктура во целата држава како основа за подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво.