Брутално убиена српска манекенка: Сопругот со пила и го распарчил телото, а потоа ги сомлел нејзините останки

727
Фото: printscreen/instagram

Поранешната финалистка за Мис на Швајцарија, по потекло од Врњак кај Модрич, била убиена од сопругот на брутален начин, по што со пила и градинарски ножици и го распарчил телото, а потоа во блендер ги сомлел нејзините останки.

Вчера Федералниот суд во Лозана ја одби жалбата на нејзиниот сопруг да биде ослободен од притвор, откако тој призна дека ја убил сопругата.

Како што неофицијално дознава „Независне новине“, таткото на Кристина бил повикан од градинката да ги земе внуците.

Кога му се јавил на зетот и прашал каде е неговата ќерка, тој мирно рекол дека е во пералната во подрумот од куќата.

Исто така, изворот на „Независне новине“ наведува дека таткото на Кристина останал без зборови од болка, а ќерките на Кристина биле доделени на нејзината тетка.

Кристина Јоксимовиќ (38) во февруари годинава била пронајдена мртва во својата куќа во Бининген, во близина на Базел.

Според локалните медиуми, на нејзиниот сопруг Томас (41) во средата Федералниот суд во Лозана му била одбиена жалбата за ослободување од притвор, откако тој наводно признал дека ја убил сопругата со која има две деца.

Медиумите објавија дека тој го признал убиството за време на повторното прикажување на злосторството во март и тврди дека тоа било во самоодбрана, откако таа го нападнала со нож.

Локалните медиуми јавија дека жената била задавена до смрт.

Во извештајот од обдукцијата се наведува дека нејзиното тело потоа било распарчено со пила, нож и градинарски ножици.

Деловите од телото потоа се дробеле со рачен блендер и се растворале во хемиски раствор.

Томас бил уапсен ден по пронаоѓањето на телото и првично им рекол на инспекторите дека ја нашол мртва и во паника и го распарчил телото, пренесува Sky News.

Јоксимовиќ беше избрана за Мис на северозападна Швајцарија, а во 2007 година беше финалистка на изборот за Мис на Швајцарија.

Таа подоцна водеше сопствен бизнис како тренер на модели и беше ментор на Доминик Риндеркнехт на изборот за Мис Универзум во 2013 година.