БРУТАЛЕН ПРОПУСТ НА РУСКИТЕ СЛУЖБИ? Убиен командантот на ДЗС, неодамна се вратил од фронтот

201

Во близина на Москва, во селото Меленки, непознат напаѓач го убил 44-годишниот заменик командант на единицата на ДЗС, Н.Кленков, кој неодамна се вратил од фронтот.

Според пишувањата на медиумите, Кленков служел во Центарот за обука на силите за специјални операции.

Инцидентот се случил на патот кога напаѓач од возило испукал неколку куршуми низ страничното стакло од автомобилот на Кленков. Полицаецот на лице место им подлегнал на повредите, а неговото возило продолжило додека не удрило во оградата од блиската куќа.

Овој трагичен настан дополнително ја разбранува јавноста, поставувајќи прашања за безбедноста и можните мотиви за овој напад.