EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, се согласил на помала плата за тимот да биде конкурентен на пазарот, пренесува американскиот портал „Атлетик“. Тој би можел да прифати четиригодишен максимален договор вреден 156,5 милиони долари оваа година, што не е изненадувачки на прв поглед.

Брансон би можел да размислува поинаку и следната година да потпише петгодишен договор вреден 269,1 милиони долари, што е за 113 милиони повеќе!

Њујорк не е шампион од 1973 година, а Бренсон отсекогаш бил навивач на Никси, дури и неговиот татко Рик играше за оваа франшиза последниот пат кога беа во финалето.