Бруно плачел во канцеларијата на шефот кога трансферот бил одбиен

31
epa11025585 Bruno Fernandes of Manchester United reacts after the UEFA Champions League group match between Manchester United and FC Bayern Munich, in Manchester, Britain, 12 December 2023. Manchester United lost 0-1. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Веќе со години Бруно Фернандеш е најважниот играч во дресот на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите фудбалери во англиската Премиер лига.

Офанзивниот играч за врска ја презеде капитенската лента на „црвените ѓаволи“ од Хари Мегваер на почетокот на минатата сезона.

Иако доби неколку примамливи понуди, Португалецот остана на „Олд Трафорд“ и моментално е клучен играч во овој тим, а особено се прослави во ерата на Ерик тен Хаг со кој имаше добри односи.

Интересно е што пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2019 година, Бруно Фернандеш беше блиску до трансфер во друг англиски клуб, Тотенхем.

Тогаш лондонскиот премиерлигаш постигна договор со неговиот поранешен клуб, Спортинг од Лисабон, но трансферот сепак не се случи.

Како што пренесува „Goal“, играчот од средниот ред се расплакал во кабинетот на претседателот на Спортинг кога сфатил дека нема да се реализира трансферот во Англија.

Тогаш фудбалерот многу сакаше да игра во Премиер лигата, но остана во Португалија, од каде половина година подоцна пристигна на „Олд Трафорд“.

„Имаше гласини дека ме посакуваат клубови од Премиер лигата, но единственото нешто што беше конкретно беше Тотенхем. Сега ми изгледа чудно, но во тоа време бев возбуден. Една од моите цели во животот беше да играм во Премиер лига“, изјави Португалецот.

Манчестер Јунајтед тогаш плати 65 милиони евра за неговите услуги и се покажа дека не згрешил. Фернандеш досега за „црвените ѓаволи“ забележа 259 настапи, постигна 85 гола и освари 76 асистенции.

 

ИЗДВОЕНИ