Mакедонските таеквондисти, Милијана Рељиќ и Дејан Георгиевски, освоија бронзени медали на Г-1 Опен турнирот одржан во Софија, Бугарија.
Рељиќ во категоријата до 62 килограми беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингаупр и Казахстанката Аиша Аделбикизи, додека во полуфиналето загуби од Русинката Анастасија Банкова.
Георгиевски, пак, во категоријата над 87 килограми го совлада Горјан Бадаровски, па во полуфиналето загуби од Русинот Владислав Ларин.
Двајцата македонски репрезентативци освоија и нови бодови во обидот да остварат норма за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.