EPA-EFE/RYAN SUN

Иако го најавија како ѕвезда во подем, а тој епитет го доби само благодарение на својот татко, сепак, Брони Џејмс се соочи со суровата реалност, па по само неколку натпревари доби жешка „шлаканица“ од Лос Анџелес Лејкерс.

Имено, 20-годишниот кошаркар, син на легендарниот Леброн (39), во остатокот од сезоната ќе игра во развојната лига. На почетокот на новата сезона во НБА, Леброн и Брони влегоа во историјата на НБА, бидејќи станаа првиот татко и син кои играле заедно во лигата.

Брони собра вкупно 13 минути и постигна само четири поени оваа сезона за „езерџиите“. Лејкерси на тој начин го испратија Брони Џејмс во својот втор тим, Саут Беј Лејкерс, кој наскоро ќе го започне натпреварувањето во развојната Џи-лига.

По осум одиграни натпревари, Лос Анџелес Лејкерс имаат четири победи и четири порази.