Бројот на жртвите во експлозијата во пристаништето во Иран порасна на 65 – пожарот е конечно изгаснат, потврдија властите

32

Иранските власти соопштија дека конечно го изгаснале пожарот кој избувна по есплозијата во големото трговско пристаниште во саботата и дека настрадале најмалку 65 лица, а повредени се над 1.000.

Пристаништето наводно примило хемиска компонента потребна за цврсто гориво за балистички ракети – нешто што властите го негираат, иако не го објаснија изворот на енергијата што го предизвика таква разорност.

Експлозијата уништи зграда покрај местото на есплозијата и исто така уништи поголем дел од уште една зграда. На сателитските снимки се гледаат два кратери со пречник од речиси 50 метри. На снимките од експлозијата објавени на социјалните мрежи се гледа црвеникав чад кој се крева од огнот непосредно пред детонацијата.

Експлозијата се случи точно кога Иран ја започна третата рунда преговори со САД за својата брзо напредувачка нуклеарна програма. Властите уште не понудија објаснување за експлозијата.

Приватната безбедносна фирма Амбри вели дека пристаништето во март примило хемиско гориво за ракети. Тоа било дел од пратка со амониум перхлорат од Кина. Хемикалијата се користи за производство на цврсто гориво за ракети и требало да се користи за иранските залихи на ракети.

Во извештајот на полуофицијалната новинска агенција ИСНА се тврди дека товарот кој ја предизвикал експлозијата не е пријавен кај царинските власти. Само високи функционери во Иран, како паравоената Револуционерна гарда, можат да ги заобиколат вообичаените процедури во пристаништето.

 

ИЗДВОЕНИ