Бројот на жртви во земјотресот во Тибет се искачи на 95, а 130 се повредени: Луѓето без струја и вода, се трага по преживеани под урнатините

26
EPA-EFE/XINHUA / Jigme Dorje CHINA OUT / UK AND IRELAND OUT / MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY

Бројот на жртвите во земјотресот што утринава го погоди Тибет се зголеми на 95, додека бројот на повредени е 130, пренесе Ројтерс.

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.

Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми.

Според кинеската метеоролошка управа, моменталната температура во областа е минус осум, но до вечерва ќе се спушти до минус 18.

Луѓето останаа без вода и струја.

Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен.

Тројца посетители кои разгледувале место се преместени на безбедно, јави кинеската државна телевизија.

ИЗДВОЕНИ