Бројот на жртви во експлозијата во Иран се искачи на 40, прогласен е Ден на жалост

28

Портпаролката на иранскиот претседател Масуд Пазахстани, Фатемех Мохаџерани, го прогласи понеделникот за ден на жалост по експлозијата и пожарот во пристаништето Шахид Раџаи во градот Бандар Абас, во кој, според локалниот гувернер, загинаа најмалку 40 луѓе, пренесоа иранските медиуми.

Во меѓувреме, Пезешкијан денеска пристигна во Бандар Абас, главниот град на провинцијата Хормозган, за да ги надгледува спасувачките напори и да ги добие најновите информации за вчерашната експлозија, соопшти агенцијата MWA.

Тој посетил дел од повредените кои биле сместени во локалните болници.

Гувернерот на провинцијата Хормозган, која прогласи тридневна жалост, рече дека бројот на загинати се зголемил од 28 на 40.

Иранските власти соопштија дека пожарот е локализиран денеска. Според организацијата на Црвената полумесечина, во експлозијата се повредени 1.242 лица, од кои околу 300 се хоспитализирани.

ИЗДВОЕНИ