Билансот на загинати лица во големиот пожар што утрово се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се искачи на 59. Повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Идентификувани се 35 лица, 31 од Кочани, 4 Штип, а повредени се 155 лица. Загинал и полицаец од Пробиштип. Началникот на СВР Штип информирал дека требало да биде нагаден за најдобар.
Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица.
Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.