Бројот на затвореници во Англија и Велс достигна рекордно ниво

40

Бројот на затвореници во Англија и Велс денеска достигна рекордно високо ниво, објави британската влада, пред планираното продолжување на мерката за предвремено ослободување овој месец со цел да се реши кризата со пренатрупаност.

Велика Британија има највисока стапка на затворање во Западна Европа, според онлајн базата на податоци World Prison Brief, и се соочува со криза откако програмата за изградба на нови затвори не успеа да биде во чекор со построгите закони за казни, што резултираше со поголем број затвори, објави Ројтерс.

Бројките објавени од Министерството за правда покажуваат дека бројот на затвореници сега изнесува 88.521, што е зголемување од 88.350 една недела порано.