Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,1 степени во Тибет се искачи на 126 – затворен е влезот во националниот парк Монт Еверест

16
EPA-EFE/XINHUA / Jigme Dorje CHINA OUT / UK AND IRELAND OUT / MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина се искачи на 126, соопштија кинеските власти.

Претходно беше соопштено дека во земјотресот загинале 95 лица, а 130 се повредени.

Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми.

Според податоците на кинеската метеоролошка служба, моменталната температура во тоа подрачје е минус осум, пренесува Танјуг.

Жителите останаа без вода и струја.

Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен.

ИЗДВОЕНИ