Бројот на загинати во експлозијата во пристаништето во Иран порасна на 8, повредени се меѓу 700-750 луѓе

175
Фото:принтскрин

Бројот на загинати во експлозијата во пристаништето Раџаи на југот на Иран порасна на осум, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата Есканадер Момени.

Тој прецизираше дека се повредени меѓу 700-750 луѓе, од кои 212 се упатени на амбулантно лечење, а преостанатите жртви на експлозијата се испратени во покраинските медцински центри, пренесува агенцијата Тасним.

Според неговите зборови, ресурсите се мобилизирани од различни провинции, посебно од градовите во близина на Бандар Абас и центарот на земјата.

„На местото на несреќата се упатени стручни противпожарни екипи од различни провинции и од Техеран, а таму се и специјални летала за контрола и газење пожар, како и за превоз на повредените“, наведе иранскиот министер и додаде дека очекува огнот да биде ставен под контрола во наредните неколку часа.

Како што пренесоа иранските медиуми, денеска се случи експлозија во иранското пристаниште Раџаи, недалеку од главниот објект за котејнерски пратки на Исламската република во Бандар Абас низ кое годишно поминуваат 80 милиони тони различни видови стоки, пренесувс АП.

Иранските власти не ја наведоа причината за експлозијата, но познато е дека идустриските инциденти се чести во Иран, особено во застарените ирански нафтени постројки кои, поради меѓународните санкции, имаат тешкотии да ги набават многу потребните резервни делови, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ