Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, објави денеска воената хунта во земјата.
Хунтата им дозволи на стотици странски спасувачи да влезат во Мјанмар за да помогнат во спасувачката операција, објави „Ројтерс“.
Во соседен Тајланд, каде земјотрес предизвика уривање на облакодер во изградба во главниот град Бангкок, при што настрадаа најмалку девет лица.
Властите во Мјанмар соопштија дека 2.376 лица се повредени, а 30 лица се водат како исчезнати.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар околу пладне во петокот, проследен со бројни последователни потреси, меѓу кои и еден со јачина од 6,4 степени, јавува Танјуг.