За парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на 11 маj, во единствениот избирачки список се запишани 3.721.116 гласачи, што е за 1.319.003 повеќе од бројот на жители, кој според пописот изнесува 2.402.113.
На списокот се 50,5 проценти мажи и 49,5 проценти жени, но не се вклучени 4.536 лица на возраст над 100 години, односно оние кои ќе наполнат или веќе наполниле 100 години до денот на изборите.
На овие избори право на глас ќе има и албанската дијаспора, што претставува новина. Граѓаните кои живеат надвор од земјата ќе можат да се регистрираат преку посебна онлајн платформа, почнувајќи од 11 март.