Бројот на бетономешалки и кранови не се показател зa успех

87

Од „Шанса за Центар“ велат дека не е вистина оти Општина Центар има пари како никогаш, благодение на доброто менаџирање, како што се пофали градоначалникот Горан Герасимовски на последниот брифинг со новинарите.

 – Општината е полна со пари од издавање градежни дозволи. Со реализација на многупати оспорените детални урбанистички планови се штитат само интересите на инвеститорите, а јавниот интерес е занемарен и тргнат настрана. Се уништува квалитетот на живот, се создава урбан хаос, а долгорочните последици ќе ги чувствуваме сите ние жителите – сметаат од „Шанса за Центар“

 

Од „Шанса за Центар“ велат дека не е вистина оти Општина Центар има пари како никогаш, благодение на доброто менаџирање, како што се пофали градоначалникот Горан Герасимовски на последниот брифинг со новинарите.

-Вистината е сосема поинаква и горчлива. На последната седница за ребаланс на буџетот дознавме дека „успехот” не се должи на добри политики, туку на распродавање на јавниот интерес. Општината е полна со пари од издавање градежни дозволи, како резултат на спроведување на спорните детални урбанистички планови донесени пред 12 години, а кои го претворија секое слободно или зелено парче во просторот во градежна парцела – потенцираат од „Шанса за Центар, додавајќи дека бројот на бетономешалки и кранови не е показател за успех ниту за напредок.

-Ова е за аларм, зошто вака Скопје никогаш нема да е град луѓето, а градоначалникот ќе биде запаметен како оној кој овозможи да победи профитот пред јавниот интерес – велат од „Шанса за Центар“ .

Оттаму додаваат дека до ноември годинава, биле наплатени дури 6,8 милиони евра од градежни дозволи или цели два милиони евра повеќе од планираното.

-Ова не е напредок, туку уништување. Со реализација на овие многупати оспорени детални урбанистички планови се штитат само интересите на инвеститорите, а јавниот интерес е занемарен и тргнат настрана. Се уништува квалитетот на живот, се создава урбан хаос, а долгорочните последици ќе ги чувствуваме сите ние жителите – сметаат од „Шанса за Центар“.

Протестен марш поради загадениот воздух

Повеќе невладини организации и здруженија денеска ќе одржат протестен марш за чист воздух, кој е во организација на „Зелен хуман град“. Граѓанските здруженија предлагаат до Владата и општините неколку мерки за итно постапување, но и повеќе среднорочни мерки со кои, според нив значително би се влијаело врз загадувањето на воздухот. Протестот започнува во 16:00 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и завршува пред Владата.

-Секоја година во Македонија има околу 3.828 смртни случаи поради изложеност на честичките PM2,5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Честичките се поврзани со сериозни здравствени проблеми, како белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови – се наведува во повикот за протест од „Зелен хуман град“.

Тие предупредуваат дека загадениот воздух е причина за еден од девет смртни случаи кај деца до една година.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ