Брнабиќ: Ова е краен рок за завршување на блокадата, по ова ниту физички не е можно да се надомести наставата и испитите

82
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, апелираше до универзитетите, факултетите и студентите во блокада да размислат за враќање на наставата по усвојувањето на измените на Законот за високо образование и да ја спасат оваа академска година.

„Ги замолувам сите универзитети, сите факултети, сите студенти во блокадата да размислат добро дали по усвојувањето на овие и слични измени во Законот за високо образование, кои повеќекратно ги надминуваат сите барања на студентите во блокада, но и барањата на академската заедница, да се вратат на наставата и да ја спасиме оваа академска година“, рече Брнабиќ на прес-конференција во Собранието.

Таа нагласи дека одлуката за враќање на наставата нема да ги загрози над 230.000 семејства кои имаат студенти на државните универзитети.

Брнабиќ наведе дека очекува сите да дадат се од себе за да продоли наставата и полагањето испити на државните универзитети кои се во блокада.

-Сега влегуваме во март, академската година е сериозно доведена во прашање, со оглед на тоа што се ближиме до крајниот рок кога веќе ни физички не може да се надополни часовите и испитите – истакна Брнабиќ.

ИЗДВОЕНИ